October 19, 2021 05:16
Спорт

Пандев има нови газди, Американци го купија најстариот италијански фудбалски клуб

Најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, во чии редови настапува македонската фудбалска легенда Горан Пандев, премина во рацете на американскиот инвестициски фонд „777 Partners” за сума 150 милиони евра.

Италијанските медиуми објавија денеска дека американската компанија и претседателот на Џенова Енрико Презиоси постигнале договор и многу скоро во врска со зделката ќе биде објавено официјално соопштение.

„777 Partners” е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2005 година, а во нејзиното портфолио имаат и малцински удел во шпанскиот прволигаш Севиља.

Џенова е формирана на 7 септември 1893 година и е најстариот фудбалски клуб во Италија. За Џенова од 2015 година настапува рекордерот според бројот на настапи во македонскиот дрес и најдобар стрелец на сите времиња Горан Пандев.

Website https://4anime.biz: Watch BanG Dream! 4anime Episode 13 bleach 4anime

BTOOOM! (Dub) (https://animepahe.cc/m/jND) Episode 12

Rurouni Kenshin: Special Techniques Episode Full

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

Ludomanistudier: https://ludomanistudier.dk/publicering/animefreak-0

8tracks: https://8tracks.com/kissanimemx