April 19, 2019 22:47
Живот

Паметен уред за луѓето со оштетен вид

Паметен уред за луѓето со оштетен вид

Израелски иноватори создадоа „паметен уред“ што може на лицата со оштетен вид да им овозможи поисполнет и поквалитетен живот. Направата се вика Ор-кам (OrCam), има големина на шише и се прикачува на рамката од очилата.

Концептот вклучува камера и микрофон, а програмата може да чита на 19 јазици и да го претвора напишаното во звук. Со направата, лицето може да распознава и ликови, предмети, производи, бар-кодови, бои, улици, да брои пари и да гледа на часовник.

Уредот од вчера може да се купи и во Бугарија.

Нови вести

Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера!

24news

Братот е најважниот маж во животот на својата сестра

24news

Велигденски ритуал: Свештеник натерал деца да го тепаат, плукаат и да го сечат со нож 

24news