June 21, 2021 17:38
Свет

Палестински премиер: Народот е единствен во отпорот кон израелските напади

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех изјави дека палестинскиот народ со силно единство им се спротивставува на израелските напади во окупираните Ал Кудс и Појасот Газа.

Штајех по повод Рамазан бајрам го посети гробот на Јасер Арафат, легендарниот палестински лидер, во градот Рамала на Западниот Брег.

Притоа, во име на палестинскиот претседател Махмуд Абас и во свое лично име на сите Палестинци им го честиташе денешниот празник.

– Сакаме овој празник да донесе радост и среќа во срцата на нашите деца, жени и возрасни луѓе. Сепак, поради агресивните напади на окупацискиот израелски режим врз нашиот народ во Ал Кудс, Ал Акса и Појасот Газа, претседателот Абас ги откажа сите прослави по повод Бајрам. Сега сите заедно се бориме против израелските напади, истакна Штајех.

ANIMEFLIX one piece animeflix: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 11 (https://animeflix.nl/m/DvVy/ep-11)

AnimeDao animedao jojo: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 4 (https://animedao.nl/m/yXqy/ep-4)