August 8, 2022 19:36
Македонија

Пак над 100 ковид позитивни, нема починати

Во изминатото деноноќие регистрирани биле 108 случаи, од кои 29 се реинфекции.
Направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1.
Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Направени се 723 тестови преку: ИЈЗ-105, ЦЈЗ Скопје-23, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–33, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-13, Биотек-18, Систина-35, лабораторија Лаор-6, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност-7, Генеа-2, Никоб Лаб-36, ВФВ Медикал-5, Ели МедикаПлус-4, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 339.
Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.