January 24, 2022 21:30
Свет

Пакистанскиот град Лахор утринава е најзагадениот град во светот

Пакистанскиот град Лахор утрово е најзагадениот град во светот, објави швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот IQAir.

На второ место до 10.00 часот беше Њу Делхи, а трета беше Дака.

Голем облак од смог и воздух полн со отровни честички ги принуди луѓето денеска да останат дома и да не излегуваат без потреба. Лекарите препорачаа луѓето да носат маски за да се заштитат од вдишување токсични материи кои можат да предизвикаат тешки респираторни заболувања и да влијаат на прераната смрт.

Лахор порано беше познат како град на градини, но брзата урбанизација и порастот на населението го уништија зеленилото.