October 21, 2020 00:22
Свет

Падна норвешката влада, се скарале поради подржувачка на терористите

Норвешката коалициска влада падна кога популистичката десничарска Напредна партија се повлече од неа поради спорот за осомничената поддржувачка на ИС, која е вратена од Сирија.

Лидерката на Напредната партија, Сив Јенсен, ја објави одлуката по разговорот со раководството на својата партија и со премиерката Ерна Солберг.

Осомничената поддржувачка на Исламската држава, жена родена во Пакистан, беше вратена во Норвешка со своите две деца.

„Можевме да примиме деца, но не правиме компромис со луѓето што учествуваа во терористички организации“, рече Јенсен на прес-конференција.

Владата ја одобри репатријацијата на три лица од бегалскиот камп „Ал-Хол“ во Сирија донесувајќи одлука базирана на информации дека едно петгодишно момче е многу болно.

Јенсен исто така рече дека нејзината партија смета оти направила премногу компромиси.

Таа додаде дека верува оти Солберг ќе остане премиерка.