October 1, 2020 18:39
Балкан

Падна косовската Влада: Изгласана недоверба на Албин Курти

Вечерва со 82 гласа „За“, 32 гласа „Против“ и еден воздржан пратениците изгласаа недоверба во владата предводена од Албин Курти.

Имено, на денешната маратонска седница во Собранието на Косово, на дневен ред била ставена точката за гласање на доверба на владата на Албин Курти, која беше иницирана од ЛДК. Курти претходно без консултација го разреши министерот за внатрешни работи и кадар на ЛДК.

Владата на Курти не издржа ниту два месеци. Беше изгласана на 2 февруари, а дел од неа, како министер за евроинтеграции беше и Блерим Река, кој беше кандидат за претседател на Северна Македонија на последните избори.