June 28, 2022 13:18
Македонија

Падна Владата на Петков

Попладнево во бугарското Собрание со 116 гласови „за” Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, е изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето за недоверба, поднесено од партијата ГЕРБ-СДС против Владата на премиерот Петков, успеа.

По изгласувањето недоверба, Петков се обрати пред пратениците.

-Беше чест за мене да водам влада која што беше бутната од Пеевски, Борисов и Трифонов. Ова е мал чекор од долг пат. Она што не го разбраа е дека не можат да го придобијат бугарскиот народ.Ви ветуваме дека ќе продолжиме со битката и еден ден ќе имаме Бугарија без мафија, една успешна европска държава, кажа Петков.

Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ”, не ги доби потребните 121 глас во пленарната сала, за да остане на власт.

 

Паѓањето на владата на Петков е кулминација на политичката криза во Бугарија откако партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција на 8 јуни. Трифонов кажа дека ја напушта владата поради Македонија, тврдејќи дека Петков води паралелна надворешна политика од официјалната предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е кадар на ИТН.

Пратениците на ИТН, без петмината кои во меѓувреме ја напуштија партијата, денеска заедно со пратениците на опозициските ГЕРБ и ДПС гласаа за рушење на владата на Петков.

Според процедурата предвидена во Уставот на Бугарија, доколку гласањето недоверба на актуелна влада биде поддржано од мнозинство пратеници, ќе се направи нов обид за формирање на кабинет во рамките на тоа Народно собрание.

Првиот мандат ќе го добие најголемата група – „Продолжуваме со промената “, вториот до вториот по големина – ГЕРБ-СДС, а третиот ќе биде доделен на една од другите групи избрани од претседателот на државата. Ако и тогаш не се избере кабинет, шефот на државата назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува избори.

Падот на Владата на Петков е кулминација на политичката криза во Бугарија откако партијата „Има таков народ” (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција на 8 јуни. Трифонов тогаш рече дека ја напушта владата поради Северна Македонија, тврдејќи дека Петков води паралелна надворешна политика од официјалната предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е од редовите на ИТН.

Владата на Петков, беше избрана со 134 гласа „за” на 13 декември 2021 година, по одржани три циклуси парламентарни избори во земјата.

Денеска во бугарскиот парламент требаше да се одржи расправа за францускиот предлог за подигнување на ветото за почеток на прист

Поврзани вести

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема

Valentina

GO88 - Link Tải Go88 Fun Club Thiên Đường Cờ Bạc go88 êu go88 bị bắt

game sunwin online