June 27, 2022 10:29
Скопје

„О2 иницијатива“ алармира: Кај Аквадуктот се прави крос-патека за мотори

Организацијата за заштита на животната средина „О2 иницијатива“ ги повика надлежните да реагираат затоа што кај скопскиот Аквадукт, којшто е споменик прогласен за културно наследство од особено значење, се прави крос – патека за мотори.

Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината – велат од „О2 иницијативата“.

Оттаму додаваат дека веќе поднеле претставка до Управата за заштита на културно наследство, до Инспекторатот на Град Скопје и до Општина Карпош, на чија територија се наоѓа Аквадуктот.

Пред една година Владата, на предлог на Управата за заштита на културното наследство и по мислење на Националниот совет за културно наследство, го прогласи Аквадуктот во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Аквадуктот сега се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

За жал, и покрај тоа Аквадуктот се наоѓа во очајна состојба, одредени негови делови се распаѓаат, а околината е неуредена. Многумина скопјани не знаат ни каде точно се наоѓа, а посетителите на градот можат само со помош на доброупатените да стигнат до него и да го видат овој значаен културно – историски споменик.

Уште пред четири години беше најавено дека ќе започне негова целосна ревитализација и дека ќе се изработи проект за конзервација на аквадуктот. Досега ништо не е сменето, освен што, како што информираа од „О2 иницијативата“ во неуередениот простор во негова близина се поставени гуми за крос патека за мотори.

Според податоците, се смета дека Аквадуктот бил изграден во времето на Јустинијан Први, од 527 – 554, па поради тоа овој објектсе нарекува и Јустинијанов аквадукт. Преку него била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до „топџиската касарна“, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку Аквадуктот се пренесувала со цевки кои оделе од запад кон исток.

Скопскиот Аквадукт за последен пат бил обновен по катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога биле поправени три лака и два столба што паднале од јачината на земјтресот.

go88 có hợp pháp không cách tải go88 ios go88 quay hu

sunwindow can tho