Македонија

ОЈО ќе се жали на одлуката на судот да му биде одреден куќен притвор на Рашковски

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор, како што бараше Обвинителството, на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Обвинителката која ја води истрагата, Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.

-Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани, изјави Трајчева.

Судот својата одлука ја образложи со тврдење дека Обвинителството не доставило доволно докази за поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложиле доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.

Обвинителката смета дека од она што го прибавиле и од она што го кажал осомничениот, имало доволно докази врз основа на кои може да се потврди имотната состојба на Рашковски.

AnimeDao animedao twitter: Hunter x Hunter (Dub) (https://animedao.nl/m/Dq6D) Episode 148

AnimeFreak watch anime: Watch Dr. Stone Episode 22