September 23, 2019 07:33
Македонија

ОЈО наместо да работи на докажување на делата во „Рекет“, работи на обезбедување алиби на Заев

Истрагата за „Рекет“ е компромитирана. Цел месец мина од првото апсење и приведувањето на Боки Тредичи и Кичеец, а Обвинителството наместо да работи на докажување на делата на нарачателите и на помагачите, работи на обезбедување алиби и ослободување на Зоран Заев и неговите извршители, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Јанева без која воопшто и не би бил можен милионскиот рекет, е оставена да се шета по плажи и фризерски салони, да губи и да форматира телефони, да се враќа на работа како ништо да не било. Државната мафија ја напаѓа јавноста, а Русковска и Јовески не смеат да мрднат без нејзин знак! Цел месец, телефонот на Јанева е во Обвинителството, телефонот на Тредичи цел месец е во Обвинителството, цела ЕУ го виде и слушна рекетот, сите знаат како се местат случаи и се зема рекет за правна слобода, граѓани и бизнисмени пријавуваат кражби и измами од невладината на државната мафија. А, Русковска и Јовески ја занимаваат јавноста со бледи соопштенија!, вели Стоилковски.

Според него, наместо ефикасна истрага, постапката се развлекува.

-Ако за најголемиот скандал, криминал и корупција цел месец во очи на европскиот извештај се потроши на одмори, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека оваа власт воопшто не и е гајле за европската перспектива на Македонија. Државната мафија не само што рекетира краде и лаже. Туку е и дрска воопшто да не излезе од удобноста на својата безгрижност! Тоа е срамно, тоа е потценување! Државната мафија без никаков легитимитет, ја загрозува иднината на државата, ја загрозува безбедноста во општеството, го заложи минатото, а иднината ја завива во сиромаштија!

Доста е игри, Зоран Заев и неговата државна мафија го киднапираа секое парче од Македонија. Зоран Заев со владината мафија одржува врски со Боки Тредичи. Зоран Заев не поттикна истрага за прислушувањето на Јавното обвинителство зад мене. Зоран Заев не побара истрага за Рашковски за местењето на тендери со Леонардо. Зоран Заев распоредува судии, процеси и пресуди. Државната мафија мора итно да биде изведена пред правдата. Но правда со овие луѓе, со Заев, со Леонардо, со Шеки, со Кики, Фрики, Коки, триада Влада, Рускоска обвинителство и Кацарска судството, правда со нив нема. Повикуваме на итни оставки, неопходни се итни избори за да правото се зафати со прашањата каде завршуваат парите од рекетот, кој е организатор на рекетот, кој е главата на државната мафија? Со институцијата зад мене, со институциите на Бихакќа и на Илинденска, одговор на овие прашања нема. Со нив Македонија ги живее најтемните времиња кои ќе останат врежани во колективната меморија, рече Стоилковски.

 

Нови вести

КОД ТЕЛМА: И судии и адвокати спомнати во исказите за рекетот, може да завршат на распит кај Русковска

Filip

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip