January 17, 2021 20:41
Македонија

Оштетени штедачи сведочат дека Вице Заев правел криминал во Еуростандард банка, чекаме Рускоска да го уапси братот на премиерот по ваквото признание

Штедачите на Еуростандард банка потврдија дека Вице Заев преку фирмата Сара Инжинеринг земал кредит од 600.000 евра пред две години и не исплатил ниту една рата.

Ова се пари на штедачите, кои сега не можат да се наплатат.

Штедачите сведочат дека се работи за организиран криминал. Дури 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолио на правни лица во банката имале ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра.

Дека се работи за организиран криминал кажа и сопственикот на банката, а ЈО се уште молчи.

Се молчи за струмичката врска. 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев земале кредити без покритие од банката, а врз основа на не враќање се збогатиле за 13 милиони евра.

Овие 13 милиони евра се пари на граѓаните на штедачите на Еуростандард банката, кои сега не можат да се наплатат.

Илјадници граѓани страдаат, на сметка на неколку збогатени бизнисмени од Струмица.

Нема одговорност ниту за Нина Ангеловска, која ги извади парите од банка непосредно пред да пропадне. А, штедачите, кои не се министри и немаат информации за банкарската состојба останаа без денар.

Случајот Еуростандард е втор ТАТ, 200 милиони евра се раскрчмени. Оштетени се илјадници граѓани, а органите на системот молчат и не преземаат ништо, затоа што трагите водат до врвот на власта. Потребна е одговорност веднаш.