September 26, 2022 02:59
Спорт

ОФМ домаќин на 170 тренери од целиот свет

Одбојкарската федерација на Македонија деновиве е домаќин на 170 тренери од цела Европа на годишната Европска конвенција на најдобрите одбојкарски тренери при Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).

Предавачи на семинарот беа Џон Кесел од Соединетите Американски Држави, почесен претседател на тренерската асоцијација на својата земја и Кити Понг, селектор на женската одбојкарска репрезентација на Тајланд.

43 европски земји имаа свој претставници на семинарот за тренерите, на кој се дискутираше на теми кои за развој на одбојкарскиот спорт.