November 26, 2020 05:46
Спорт

Официјално: Обамејанг уште 3 години во Арсенал

Sвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, официјално потпиша нов тригодишен договор со клубот. Веста ја објави самиот Габонец, кој се приклучи во живо од „Емирати”.

– Навивачи на Арсенал, само што повторно потпишав. Се е готово. Навистина сум среќен што останав тука. Ова е мојот дом. Сакам да станам легенда на Арсенал. Одличен ден, рече Обамејанг на почетокот на врската во живо со навивачите.

Претходниот договор на Оба со Арсенал истекуваше на крајот на сезоната, но денес тој стави крај на сите шпекулации, врзувајќи се со „топџиите” до летото 2023 година.

Според англиските медиуми, основната плата на напаѓачот ќе биде 250.000 фунти неделно, но со сите бонуси сумата може да надмине 350.000, што во моментов ја прима само Месут Озил.

Обамејанг досега постигна 55 голови на 86 натпревари за Арсенал во Премиер лигата.