October 1, 2020 12:26
Свет

Отпуштања во Комунистичката партија на Кина поради кризата со коронавирусот

Поради кризата со коронавирусот во Кина, во Комунистичката партија има неколку разрешувања од партиските функции, со образложение дека лицата не ги исполниле своите обврски.

Партискиот секретар на Комисијата за здравство на кинеската провинција Хубеи и директорот на Комисијата се меѓу отпуштените, пишува Би-Би-Си.

Тие се највисоко рангирани партиски и локални лидери кои ги загубија своите работни места од почетокот на кризата со вирусот во Вухан.

Заменик директорот на локалниот Црвен крст исто така е отпуштен од работа, со образложение дека не ги исполнил своите обврски за дистрибуција на донациите.

Во кинеската провинција Хубеи, едно од жариштата на коронавирусот, вчера биле регистрирани 103 нови смртни случаи, како и 2.097 новозаболени, додека во цела Кина од последиците на оваа заразна болест веќе починаа повеќе од 1.000 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.