December 9, 2022 00:37
Магазин

Откриено кој ќе го носи највредниот накит на Елизабета Втора

За тоа кој ќе го наследи накитот од колекцијата на неодамна починатата британска кралица Елизабета Втора на големо се пишуваше и пред нејзината смрт. Тоа е една од најимпресивните колекции во светот, сите предмети во неа се многу вредни, а некои се навистина посебни.

Според магазинот „Хелоу“, познато е кој ќе наследи или поточно кому ќе му биде дозволено да го носи едно од најскапите парчиња од колекцијата на богатствата на кралицата – државната тијара на Џорџ IV, попозната како дијамантска тијара.

Ќе ја носи кралицата консорт Камила. Еден ден, кога принцот Вилијам ќе стане крал, тоа ќе може да се види на главата на неговата сопруга Кејт.

Тијарата е направена за кралот Џорџ IV од златарите Rundell & Bridge во 1820 година и чинела 8.216 фунти во тоа време.

Тесна лента од сребро и злато е обработена со бисери, а на неа се четири малтешки крста и украси што симболично ги претставуваат Англија, Ирска и Шкотска – рози, детелина и трн. Круната е поставена со 1.333 дијаманти од 320 карати. Во центарот на предниот крст има и редок бледожолт дијамант. Тијарата беше наменета да се носи на посебна кадифена капа, а кралицата Елизабета Втора сакаше да ја носи без овој додаток.

Денес, нејзината вредност се проценува на речиси 800.000 фунти и е една од најсимболичните круни во кралската колекција. Исто така, таа е една од најпознатите иако ретко се гледа во јавноста. Имено, тоа може да се види на британските и на комонвелтските пари, хартија и монети и поштенски марки.

За време на своето 70-годишно владеење, кралицата Елизабета ја носеше само неколкупати – на пример, кога го отвори Парламентот првпат во нејзиното владеење во 1952 година и на пат на крстарење една година подоцна.

Круната е посебна затоа што ја носат исклучиво владетелите и сопружниците на кралицата – Викторија, Александра, Марија и Елизабета Втора.

Иако не е украсен предмет наменет само за жени, оваа круна се смета за женствена, па речиси сигурно е дека кралот Чарлс III нема да ја стави на главата во некоја свечена пригода.
Сепак, Камила би можела да ја носи првпат на крунисувањето на својот сопруг в година.