February 17, 2019 11:21
Хроника

Откриени 16 мигранти, криумчарите избегале

Полицијата открила шеснаесет мигранти во село Табановце и Лојане, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 7.35 часот на автопатот Табановце- Куманово автомобил  „мерцедес“ не застанал на даден знак и се упатил кон граничниот премин Табановце.

-По преземени мерки, во 8.20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, бил пронајден  „мерцедесот“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, а во негова близина била пронајдена и група од десет мигранти од кои шест од Пакистан и четворица од Сирија. Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени пет мигранти од Ирак и еден од Иран. Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Related posts

Затвореник нападна вработен во затворот во Шуто Оризари

Filip

Од кафеана во Чегране, Гостиварско приведени 11 женски лица

Ivona

Во Вардарскиот регион лани 622 сообраќајки со три жртви

Filip