January 17, 2020 17:11
Хроника

Откриени злоупотреби во 24 случаи при обесштетувања од земјотресите во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2017 и 2018 година пријавениот, како претседател на Kомисија за процена и утврдување на висина на штета настаната од природни непогоди и други несреќи, во 24 предмети за обештетување од земјотресите во 2017 година, без приложена целокупна документација во предметите, утврдил значително повисоки суми од проценатата штета, со што предизвикал штета од 1.203.054 денари на буџетот на општина Охрид.

Нови вести

Уапсен Емил Јакимовски

Igor

На Табановце пронајдени мигранти во товарен воз од Грција за Унгарија

Igor

Со лажен профил, закани и уцени, тетовец сакал да принуди 46-годишна жена да му биде љубовница

Igor