October 17, 2019 08:12
Хроника

Откриени автобуси со неисправни сопирачки по сообраќајниците низ Полог, 22 возила исклучени

Во акциска контрола за техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, полицијата открила 37 прекршоци, најмногу кај автобуси и такси-комбиња.

Во вчерашната акција вкупно биле контролирани 95 возила (во Тетово 65 и Гостивар 30), кај кои откриени се вкупно 37 прекршоци (Тетово-16 и Гостивар-21).

– Шеснаест од контролираните возила имале неисправни сопирачки (Тетово-11 и Гостивар-пет), три неисправни други уреди (Тетово-1 и Гостивар-2), четири со истечена регистрација во Гостивар, кај 12 со неизвршен технички преглед (Тетово-четири и Гостивар-осум), а на две возила им недостигала опрема, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Откриените прекршоци заокружени се со 37 прекршочни платни налози и четири барања за поведување на прекршочна постапка, додека 22 возила веднаш се исклучени од сообраќај. При вчерашната контрола, исто така, констатирани се и четири други видови прекршоци.

Нови вести

Малолетен моторџија се судрил со малолетник на велосипед

Igor

Полицаец ранет при боево гаѓање на полигонот Пенуш

Igor

Малолетник на Фејсбук објавувал компромитирачки слики од поранешната девојка

Igor