September 22, 2019 23:34
Свет

Откриена тајна воена база на САД во близина на руската граница

Додека присуството на контингент на НАТО во Естонија, балтичка држава на северозападната граница на Русија, никогаш не било тајна, присуството на американски трупи во наводна тајна база очигледно било добро чувана тајна, пишува „Спутник“.

Тајноста на местото беше уништена од локалниот радиодифузер ЕРР, откако еден нејзин новинар ги проучил јавните записи на Министерството за одбрана на САД .

Иако во документите бил прикрен фактот дека Вашингтон има воена база таму, нарекувајќи го неодреден објект за тренинг операции, не ја сокриле земјата во која базата се наоѓаше. А новинарот ненамерно ја уништил тајноста на локацијата бидејќи САД никогаш не потврдиле дека имаат воени објекти во Естонија, каде што официјално се распоредени само трупите на НАТО од Велика Британија во базата „Тапа“.

Според документите на американското министерство, 15,7 милиони американски долари наменети за развој на естонската воена база ќе бидат искористени за изградба на голем број објекти, вклучувајќи касарна, магацини за оружје и област за чистење оружје.

По шестмесечна истрага, новинарите од ЕРР успеале да се најдат на територијата на „тајната“ база, во која, наводно, бил сместен полк на американските специјални сили. Според Кевин Стрингер, полковник на американската армија, базата е основана во 2014 година, откако односите меѓу Русија и Западот тргнаа по надолна линија.

Ова не е првпат тајните американски воени бази да бидат изложени по грешка или поради недоволен надзор. Во ноември 2017 година, популарната апликација за следење на фитнесот за паметни телефони, „Страва“, ја објави глобалната мапа со најактивните корисници на апликацијата. На изненадување на многу корисници, некои од жариштата се наоѓаа не во градовите или спортските центри, туку во некоја недојдија.

Бидејќи дел од овие места се совпаднаа со воените бази кои им припаѓаат на САД, неколку медиуми објавија дека апликацијата ја користеле војници на своите тренинзи. Така, преостанатите непознати жаришта би можеле да се во „тајните“ американски бази.

 

Нови вести

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Filip

Претседателот на Колумбија, Мадуро го спореди со Милошевиќ

Filip

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Filip