March 7, 2021 09:01
Свет

Откази за шефови на уште три американски меѓународни медиумски куќи

Шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи, финансирани од американската федерална Влада, доцна синоќа ненадејно се отпуштени, а беа назначени на тие позиции за време на Доналд Трамп во американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ).

Двајца функционери запознаени со измените, рекоа дека вршителот на должност генерална директорка на УСАГМ Келу Чао ги разрешила директорите на Радио Слободна Европа / Радио Слобода, Радио Слободна Азија и Радиодифузни мрежи на Блискиот исток, само еден месец по нивното назначување.

Измените се случија еден ден по разрешувањето на директорот на Гласот на Америка и неговиот заменик, и оставката на шефот на „Канцеларијата за Куба броадкастинг”.

Извршниот директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), Мајкл Пек, поднесе оставка од позицијата во средата попладне, на барање на американскиот претседател Џозеф Бајден, само два часа откако Бајден положи заклетва. По оставката на Пек, следуваа дополнителни отпуштања.

Демократите и другите го обвинија шефот на Трамп на УСАГМ, Мајкл Пек, дека се обидел да ги претвори Гласот на Америка и нејзините сестрински радиотелевизии во пропагандни машини за Трамп, потсетува агенцијата Бета.

Пек дури во декември ги именуваше оние кои беа отпуштени вчера и во четвртокот.

Белата куќа во средата ја назначи Келу Чао, долгогодишна новинарка во Гласот на Америка, за вршител на должноста претседател на УСАГМ, веднаш откако од Пек беше побарана оставка.

Watch Bungou Stray Dogs Wan! Episode 1 (https://animeplanet.cc/m/W5Xn/ep-1) at AnimePlanet jojo's bizarre adventure anime planet

Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 18 at website https://funimationfree.com saiki k season 2 dub funimation