December 2, 2021 04:00
Култура

Откажана претставата „Нема да биде крај на светот”

Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот” во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат. Средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
Од Македонски народен театар изразија длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите