January 27, 2020 11:30
Култура

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2019 г.) во посочените категории. Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ секој работен ден во периодот од 10 до 13 часот или по пошта на адресата: ДПМ, ул.„Максим Горки“ бр.18, 1000 Скопје.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат. Наградите ќе бидат врачени на свеченоста по повод денот на ДПМ,13 февруари, следната 2020 година.

Нови вести

Почина писателот и новинарот Петко Шипинкаровски

Filip

Прво прикажување на „Медена земја” во Љубљана

Filip

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Filip