November 28, 2021 06:14
Македонија

Отворен конкурсот за доделување на голема годишна награда на Асоцијација на архитекти на Македонија

Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го започна конкурсот и повика за учество за доделување на Голема годишна награда за 2021 година и за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2021 година.

Двете архитектонски награди преставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја. Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество. Традиционално, наградата свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината, а истата е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата “Андреја Дамјанов“. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ. Двете награди се доделуваат на државјани на Република Северна Македонија, со рок за предавање на апликација за Големата годишна награда до 25.11.2021 година, додека рокот за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ е 20 дена од распишување на повикот кој ќе биде јавно публикуван во дневниот печат.

Сите заинтересирани за Големата годишна награда за 2021 година и наградата „Андреја Дамјанов“ за 2021 година, повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број: 076 350 336, или на е-меил адреса: [email protected]

 

 

 

 

Watch anime online for free at AnimeDao animedao boku no hero academia

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Gundam Build Divers Re:RISE 2nd Season Episode 13

TwistMoe: The Adventures of Little Samurai (Dub) anime episode Full online free at https://twistmoe.net animes online

Watch Domestic Girlfriend Episode 12