January 30, 2023 02:38
Македонија

Отворен ден на УКИМ

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје  денеска во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите, ќе се одржи „Отворен ден на УКИМ”.

Како што информираат од УКИМ, на Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера.

– Идните студенти ќе имаат можност да ги запознаат одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности, посочуваат од УКИМ.

Исто така, присутните на отворениот ден ќе имаат можност да прошетаат низ факултетите на УКИМ, да се запознаат со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории…

Мотото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, е традиција, потврдени вредности и квалитет!.