April 11, 2021 12:00
Македонија

Отворање иновативната еко зона во центарот на Скопје

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ќе присуствува на отворање на иновативна еко зона во центарот на Скопје, на 8ма Ударна Бригада 2 (помеѓу Шведска амбасада и Маркт во Центар). На овој настан ќе присуствуваат и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.

– Овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три скопски општини, на кои се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен вифи интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат „Биди Зелен” зоната. Зоните се поставени на стратешки локации и со тоа ќе се едуцираат најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, електричниот транспорт и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III (https://gogoanime.be/m/QYRN) Episode 12 at website https://gogoanime.be gogoanime bleach

Dr. Stone: Stone Wars Episode 7 at website https://kissanimeonline.com black clover kissanime