December 2, 2022 10:54
Македонија

Осумте пратеници ќе гласаат воздржано за три уставни амандмани

Пратеникот, Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека осумтемина пратеници кои гласаа за отворање на измените на Уставот, ќе гласааат воздржано за три амандмани.

Тој рече дека со тоа ќе испратат порака до премиерот оти процесот на уставните измени е врзан со процесот на помирување и простување. Рамчиловиќ додаде дека со воздржано гласање ќе им остават простор на експертите да се изјаснат за амандманите.

Во Собранието во тек е дебатата за уставните амандмани.

Премиерот, Зоран Заев во Собранието истакна дека уставните амандмани ќе бидат дел од Уставот само ако Грција ја изгласа спогодбата и го поддржи Протоколот за пристапување во НАТО. Тој ги повика пратениците да ги поддржат измените произлезени од преспанскиот договор и да ги следат интересите на граѓаните.

Поврзани вести

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за јавни претпријатија

Igor

Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири

Filip

Заев: Некои од прифатливите предлози би можеле да станат дел од уставните амандмани

Filip