August 25, 2019 05:16
Македонија

Осумнаесет мигранти пронајдени во неготинско

 Осумнаесет мигранти биле пронајдени синоќа во Неготинско, информира СВР Велес.

„Околу 21:00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки. Во него биле пронајдени 18 лица, илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка“, појаснува Додевски.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Нови вести

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите

24news

Камчев се сонча во Бугарија

24news

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници

Igor