На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа.
Во сообраќајката учествувале автомобил „мини купер” со италијански регистерски ознаки, управуван од Х.Б.(26) од Колари, автомобил „ауди” што го управувал Л.А.(76) од Зајас, и авомобил „рено” управуван од З.И.(52) од Скопје.
По незгодата, тројцата возачи и сопатникот во „аудито”, Ф.А.(74) од Зајас, како и соптниците во „куперот” А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево.
Кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани лесни повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.