November 30, 2021 09:21
Хроника

Осумдневен притвор за прилепчанец кој преку Фејсбук се закануваше на кандидат за градоначалник

Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство,  испратени  преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на  Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

СВР Битола Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.
Имено, на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук” едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство, велат од МВР.

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Tuzki: Love Assassin (https://4anime.biz/m/wXyP) Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch 3-D Heaven kissanime Episode Full tower of god kissanime

Website https://aniwatch.pro: Watch Terra Formars aniwatch Episode 13 aniwatch.me