April 21, 2021 01:06
Свет

Остин: Пентагон ќе направи се што мора во одбрана на американските интереси

По ракетниот напад врз воздушната база Аин ал-Сад во Ирак, каде што се стационирани силите на Ирак, САД и нивните сојузници, американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Пентагон ќе стори се што смета дека е потребно за да ги одбрани своите национални интереси.

Во интервју за Еј-Би-Си, Остин потврди дека Вашингтон побарал од ирачките власти што побрзо да го испитаат нападот и да утврдат кој стои зад него, пренесуваат британските медиуми.

-Ако сметаме дека е потребно ќе извршиме удари врз места и во време што самите ќе го определиме. Се повикуваме на правото да ги заштитиме нашите војници, рече Остин, предупредувајќи го Иран дека ќе мора да извлекува поуки кога и каде ќе дејствуваат САД.

ANIMEFLIX animeflix safe: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview (https://animeflix.nl/m/g4ox/ep-1)

AniWatch dubbed anime: Watch Bleach (Dub) Episode 281