February 27, 2021 04:53
Свет

Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф

И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напутааат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон. Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен.

„Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата намера беше да му служам на министерството до крајот на мандатот на оваа администрација”, напиша Волф.

Наместо Волф, нов министер само неколку дена ќе биде Пит Гејнор. Волф беше на должноста 14 месеци и е последниот од администрацијата на Трамп кој во изминатите денови ја напушта функцијата, иако не е јасно дали неговата оставка е поврзана со минатонеделните инциденти. Оставки, исто така, поднесоа и Бетси Девос, која беше министер за образование и Елејн Чао, која беше министер за транспорт.

Uzaki-chan Wants to Hang Out! (Dub) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free subscription

Watch Case Closed Episode 985 at website https://funimationfree.com funimation france