February 20, 2020 19:27
Свет

Оставка на шефот на полицијата на Малта

Шефот на полицијата на Малта, Лоренс Кутахар, поднесе оставка по критиките што ги добил за начинот на кој ја водеше истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, која истражувала случаи на корупција.

Новиот премиер на Малта, Роберт Абела, го објави ова на прес-конференција четири дена откако ја презеде функцијата премиер, ветувајќи дека ќе го зајакне владеењето на правото во земјата.

„Кутахар во својата оставка напиша дека назначувањето нов премиер бара промени, за да можат да започнат неопходните (полициски) реформи”, рече Абела, и го пофали Кутахар за неговата работа.

Полицијата претходно обвини тројца мажи дека подметнале бомба во автомобилот во кој е убиена Каруана Галиција, додека обвини четврти за организирање на убиството.

На Кутахару му се забележува дека не сторил доволно за да го испита помошникот на поранешниот премиер Џозеф Мускат за неговите контакти со бизнисмен обвинет за соучесништво во убиството, иако и двајцата негираат дека сториле нешто.

Абела рече дека ќе се консултира со опозицијата околу назначувањето на нов полициски комесар.