June 25, 2019 22:32
Живот

Оставила застрашувачка порака на Инстаграм – Славната актерка пронајдена мртва

Оставила застрашувачка порака на Инстаграм – Славната актерка пронајдена мртва

Манекенката и актерка, 46-годишната Аналис Бракенсик била пронајдена мртва во својата куќа во Сиднеј, а причината за смртта е самоубиство.

Бракенсик кариерата ја започнала во 1997-ма година во хит серијата “Heartbreak High” каде ја играла Стефани, а потоа се остварила во улоги во сериите “Home and Away” и “Pizza”.

Паралелно се занимавала со манекенство, а била и заштитно лице на организација која се занимава со проблемите со менталното здравје и со превенција на самоубиство.

Полицијата провалила во куќата на манекенката откако оставила загрижувачка порака на Инстаграм, во која напишала дека нејзиниот свет е свртен наопаку. Нејзините пријатели се загрижиле, откако не се јавувала на телефон, па повикале полиција.

Бракенсик претходно зборувала за борбата со депресијата, поради што и се поврзала со организација за заштита на менталното здравје.

-Скршени сме од веста за нејзината смрт. Ја сакавме и почитувавме и праќаме сочувство од срце до нејзините најмили – соопштила организацијата.

Нови вести

Четири години правела “селфи“ со нејзината мајка: Од последните фотографии ќе ви се скрши срцето

24news

Со овој трик ќе ја светнете кујната – Помешана сода бикарбона, вода и оцет прави чуда

24news

Овој трик ќе ви го промени животот засекогаш – Потребни ви се сода бикарбона и јаболков оцет

24news