January 29, 2023 13:46
Балкан

Османи ја отфрла можноста за средба со Вучиќ во Тирана

Косовската претседателка Вјоса Османи најави дека Косово ќе поднесе кандидатура за членство во ЕУ до крајот на годината и посочи дека самитот ЕУ-Западен Балкан не е место за преговори меѓу Косово и Србија, отфрлајќи ја можноста за средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Ова е средба меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, ова не е место за дијалог и преговори меѓу Косово и Србија. Тоа е посебен процес, со посредство на ЕУ, изјави Османи пред новинарите во Тирана.

-Тоа е процес што треба да се фокусира на меѓусебното признавање и зачувување на интегритетот и суверенитетот на Косово, како и на уставниот поредок, рече Османи.

Прашанa за изјавите на Вучиќ за премиерот на Косово. Албин Курти, Османи нагласи дека тој „претставува продолжување на менталитетот што постоеше во Србија во 1990-тите, што доведе до војна и убиства на цивили“.
Зборувајќи за Самитот, таа рече дека Косово очекува пред се сите членки на ЕУ целосно да ја поддржат одлуката за визна либерализација.