August 19, 2022 12:46
Македонија

Османи: францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија.„Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.