Македонија

Османи со шефовите на Амбасадите и Конзулатите за претстојниот Попис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис. На состанокот присуствуваа и Директорот и заменикот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.

Османи информираше за законските надлежности на Министерството за надворешни работи посочувајќи на активната улога во спроведување на пописот на лицата упатени на служба во ДКП-та, како и обврската на дипломатската мрежа за поддршка на Заводот за статистика за информирање во врска со процесот на дијаспората.

Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска, истакна Османи.

Жалам што донесувањето на Законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нѐ доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи, посочи Османи.

Османи потсети и на новата реорганизација на Владата, каде што исклучителна надлежност за прашања поврзани со дијаспората, се префрли во рамките на надлежностите на МНР. Во таа насока Министерството за надворешни работи, ги прошири организациските капацитети на Министерството, преку креирање на дополнителна организациона единица за дијаспората, која ќе биде надлежна за сите прашања поврзани со нашите државјани во странство.

Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Важно е да создадеме трајни услови за соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава“, – потенцираше Османи.

Лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на  Пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, во периодот од 01 март до 15 март  2021 година, додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство ќе започне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година.

AniWatch aniwatch: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 (https://aniwatch.pro/m/llBD) Episode Full

AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven: Watch Bleach (Dub) Episode 194 (https://animeheaven.pro/m/6PEM/ep-194)