April 23, 2019 00:29
Македонија

Османи: Со поддршката на УСАИД Македонија ги постави темелите на современото општествено уредување

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневниот работен престој на Вашингтон, ја посети централата на УСАИД во Вашингтон, каде имаше средба со Маргот Елис, заменик виш администратор за Европа и Евроазија, а ги посети и централите на најголемите американски меѓународни институти, каде се сретна со Пол МекКарти, регионален директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт ИРИ, како и со Шери Брајан, потпретседател на Демократскиот национален институт НДИ.

Како што соопшти СЕП, во улога на национален координатор на странска помош, Османи изразил задоволство и благодарност во името на целата Влада, за успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, која изнесува преку половина милијарда долари од независноста до денес, а која, како што истакнал, ги поставила темелите на демократскиот и граѓанскиот развој на земјата.

-Наша цел е да изградиме функционална мултиетничка демократија, која ќе почива на принципите на граѓанското општество, владеењето на правото, еднаквоста, слободата солидарноста, и сите останати принципи кои се дел од вредностите на западната цивлизација, истакнал Османи, посочувајќи ја тука улогата и на УСАИД, како главен центар за распределба на развојната помош, но и улогата на меѓународните институти, ИРИ и НДИ, чие присуство има оставено неизбришлива трага во демократскиот, политичкиот, граѓанскиот и воопшто општествениот развој на земјата.

Османи ја реафирмирал заложбата на Владата за континуитет во рамките на соработката со американските институции, како клучен сегмент во заокружувањето на трансформацијата на земјата согласно западните правила, стандарди и вредности.

Претходно, Османи учествуваше и на тркалезната маса организирана од една од највлијателните тинк-тенк организации во САД „Германскиот Маршалов Фонд”, посветена на соработката на САД и Европа, имаше свое обраќање на тема „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ”.

Нови вести

(Видео) Нови пожари вечерва има на струшкото кражбрежје

24news

Силјановска Давкова задоволна од првиот круг, ќе ги бара гласовите и на бојкотирачите и на разочараните од власта

24news

Дац му подари метла на Заев за чистка

Filip