November 23, 2020 20:28
Македонија

Османи со грчкиот амбасадор: Атина продолжува да биде наш активен лобист и поддржувач на европската перспектива.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со амбасадоротна Грција во Република Северна Македонија, Димитрис Јанакакис.

На средбата, соговорниците ги разгледаа сите аспекти од соработката меѓу двете држави, вклучително и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералните односи преку конкретни форми и иницијативи; беа отворени темите и за најновите состојби во Регионот, особено во насока на динамиката на европската и евроатлантска перспектива на земјите од Западниот Балка;  како и за други теми од заемен и меѓународен интерес.

„Само преку натамошно интензивирање на меѓусебната комуникација, засилување на политичката комуникација на повеќе нивоа, како и со повеќе ангажмани и активности се надградува довербата меѓу соседите, и тоа претставува добар пример за целиот регионот, истакна Османи.

Двајцата соговорници го нагласија значењето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција (Преспа) како и воспоставената доверба кои сѐ повеќе добиваат карактеристики на долгорочно партнерство и пријателство. Преку акциониот план, потпишан меѓу двете Влади,продолжуваат да се реализираат и преземаат бројни конкретни активности и форми на соработка.

Взаемно беше истакнато дека Северна Македонија се наоѓа пред една нова значајна фаза во напредокот во интеграцијата во Европската унија, која до крајот на оваа година се очекува да биде заокружена со одржувањето на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори со Унијата, при што Грција продолжува да биде наш активен лобист и поддржувач на европската перспектива.