December 15, 2019 04:44
Македонија

Османи: Се уште постои силна солидарност во ЕУ околу одредувањето на датумот за преговори

Вицепремиерот за еврпски прашања Бујар Османи смета дека се уште постои силна солидарност во ЕУ околу одредувањето на датумот за преговори со Северна Македонија, иако земјите-членки имаат многу внатрешни проблеми.

– После октомври сите изјави од Брисел ги земам со резерва. Сепак се чувствува едно движење како резултат на солидаризирање на светот во врска со историската грешка што ЕУ ја направи со Северна Македонија и Албанија. Мислам дека тоа масовно солидаризирање не може да се игнорира бескрајно. Ние работиме за секој Самит и за во декември и за во март, но сепак сметам дека треба да се земат со резерва ставовите во ЕУ каде очигледно има внатре многу проблеми, рече Османи.

Тој ја коментираше и најавената средба Пендаровски Макрон.

– Очекувам појасен став во однос на тоа што Франција очекува од нас и од проширувањата, порача Османи од Тетово каде е на теренски активности во пресрет на владината седница.

Нови вести

Дескоска му одговори на Груевски: Вратата ти е отворена, дојди

Igor

Груевски: Ако Десковска најде фирма која со изнуда сум ја презел веднаш да ја конфискува

Igor

Зеќири му возврати на Османи: Со една ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ

Igor