April 11, 2021 11:30
Македонија

Османи се обрати на Јадранскиот Форум за конективност на тема „Промовирање на поврзаноста во јужната јадранска зона”

Бујар Османи, во видео формати, учествуваше на Јадранскиот Форум за инфраструктурно меѓуповрзување при што имаше воведно обраќање на Панелот на тема „Јадранско-јонскиот коридор и Ориентот – Источно/медитеранска мрежа (Коридор 8) во рамките на процес на ревизија на Траневропските транспортни коридори”.

„Поврзувањето и градењето на инфраструктура за непречен транспорт, енергија и дигитална инфраструктура во нашиот регион би значело огромна придобивка за поврзување на луѓето и економиите внатре во самиот регион, но и нивно поврзување со земјите од ЕУ. Зголемување на поврзаноста претставува најдобар рецепт за развој преку подобрување на конкурентноста, создавање на работни места и привлекување на инвестиции”, истакна Османи.

Министерот ја претстави и „Иницијатива 8″ која претставува политичка платформа за интензивирање и продлабочување на соработката која е од стратешки интерес за трите земји кои се вклучени, односно Северна Македонија, Албанија и Бугарија, при што нагласи:

„Патната и железничката инфраструктура на Коридорот 8, помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија претставува многу важен проект кој е од интерес, не само на овие три земји од Балканскиот полуостров, туку и за целиот Европски континент”.

Главната цел на Форумот беше ставање на фокус на транспортната поврзаност и евентуалните можности кои би произлегле од натамошниот развој и интеракција помеѓу Агендата за меѓуповрзување и Јонската макро-регионална зона; пресек на западно-јужната рута на Јадранско-Јонскиот коридор со источно-западната рута од Црното море до италијанските јадрански региони, како и подобрување на условите за непречен транспорт на добра и луѓе од истокот кон срцето на Европа и обратно.

Given (https://crunchyrollfree.com/m/b5yY) Episode 11 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll trial

Watch Naruto (Dub) Episode 162 (https://animeflix.nl/m/pNP/ep-162) at ANIMEFLIX animeflix another