February 26, 2021 12:01
Македонија

Османи: По анализата на бугарскиот одговор на нашиот акциски план, ќе имаме појасна позиција

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на денешниот состанок со специјалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски, му доставила акциски план за соработка со Македонија во спроведувањето на договорот за пријателство и добрососедство, кој очекува да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија.

Што конкретно содржи овој план, во вечерашното гостување во Топ Тема, не можеше да прецизира ниту шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, потенцирајќи дека станува збор за одговор на акцискиот план кој нашата влада го доставила до Бугарија.

Според Османи, акциски план за спроведување на договорот со Бугарија може да биде корисен за надминување на проблемите меѓу двете држави бидејќи во интерес на Македонија е соседните земји да се вратат во договорот.

Тој не сакаше да ги коментира секојдневните изјави кои доаѓаат од ббугарските претставници, кои се навредливи за македонскиот идентитет и јазик, затоа што на тој начин би станал дел од преизборието во соседната држава.

Според Османи, не е начин да се брани македонскиот идентитет преку влегување во предизборниот амбиент во Бугарија, туку да се продолжи со официјалната комуникација на министерствата и спроведување на акцискиот план меѓу двете држави кој треба да помогне да се надминат споровите.

Шефот на македонската дипломатија потенцираше дека пристапот на македонскатата страна е дека за идентитетските прашања при што историјата нема да се користи како процес на ревизија на идентитетот, туку за образование и надминување на стеротипите кои постојат во општеството. Османи смета дека во последните 4 месеци има одреден напредок во официјалната комуникација меѓу двете држави.

Телма дојде до еден од дузината документи разменети меѓу Софија и Скопје за време на преговорите за одобрување на преговарачката рамка и симнување на Бугарската блокада.

Во дел од текстот, кој бил понуден до германското претседателство, а кој македонската страна го одбила, се потврдуваат бугарските инсистирања дека Македонија е творба на Тито, дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот – ставови кои се содржани и во други документи на официјална Софија, како што се Декларацијата на бугарскиот парламент, Рамковните позиции од октомври 2019 и Изјавата од Март 2020, како и Објаснувачкиот Меморандум.

Османи вели дека политиката на македонската влада е принципиелна и ќе даде резулта.

Шефот на македонската дипломатија повтори дека пристапот на македонската владата е единствен кој може да даде резултат, иако признава дека патот до напредок е тежок и комплексен.

Dr. Stone: Stone Wars Eve of the Battle Special Feature Episode Full at Funimation funimation plans

Watch Jiang Ziya Episode Full at Crunchyroll crunchyroll 30 day free trial