September 24, 2021 07:31
Македонија

Османи: Поради собраниската Комисија за надворешни работи пет амбасадори не можат да заминат на должност 

Пет амбасадори не можат да бидат испратени на должноста затоа што не се одржува Комисијата за надворешни работи во Собранието, каде што тие ќе ги презентираат своите тези и очекувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој соопшти дека вчера на владина седница поминале неколку предлози за амбасадори.

– Пет амбасади чекаат со сите завршени подготовки затоа што не се поканети 15 минути во Собрание да ги презентираат своите тези и очекувања и утредента да бидат упатени дали во Рим или во други важни градови во светот. А тие се важни амбасади, кои стојат празни, рече Османи.

Тој потенцира дека улогата на Парламентот не е законска обврска, туку повеќе е политичка волја на институциите за да се слушне мислењето и на опозицијата.

– За жал, опозицијата продолжува да биде пречка. Иако имавме пробив со две групи на амбасадори, сега петмина сè уште чекаат, истакна шефот на дипломатијата.

Османи информира дека на последната владина седница, поминале и неколку нови решенија за амбасадори, но, како што рече, тие „не можат да бидат контактирани” сè додека за нив не се произнесе и претседателот на државата.

Министерот за надворешни работи информира и дека е почната имплементација на стратегија за покривање на сите држави во светот и со нерезидентни амбасадори во оние држави каде што државата нема амбасади.

– Во однос на именување на амбасадор во Бугарија, во тек се разговори за неколку имиња меѓу МНР, премиерот и претседателот на државата, со цел да се најде најдоброто решение, рече Османи.

Говорејќи за улогата на Собранието во однос на надворешната политика, Османи потенцира дека успешната на секоја земја на меѓународен план, зависи од успешно завршената работа дома.

– Колку е поголем консензусот, за колку што е можно повеќе прашања од надворешната политика, толку се поголеми успесите на меѓународен план за земјата. Оттука вклучувањето на Собранието во изготвувањето на десетгодишната стратегија е првиот, неопходен, чекор во овој процес. Независно од актуелните предизвици, нашата амбиција на долг рок е да ја зајакнеме улогата на Собранието во создавање на надворешната политика, со посебен фокус во изградба на националните и стратешките позиции на земјата, рече Османи.

Тој истакна дека приоритетите се менуваат. Членството во НАТО суштински ги заменило приоритетите на надворешната политика, особено од аспект на безбедноста.

– Пред нас е исправен и вториот приоритет – членството во ЕУ. Но, и таму патеката е втемелена. Ние сме длабоко во европскиот тунел и оттаму враќање назад нема. Тоа е заеднички став и немаме ниту општествени, ниту институционални и политички разлики. Тоа е основата на која лежат сите идни компромиси и консензуси. Тоа е основата на која ќе ја градиме надворешната десетгодишната стратегија – Рефлексија 20/30, рече Османи, кој потенцира дека според анкетата спроведена од МНР 80 отсто од граѓаните се изјасниле дека се за ЕУ.

4Anime: Valkyrie Drive: Mermaid anime episode 12 online free at https://4anime.biz animes online

AnimeFreak: Microid S anime episode 1 online free at https://animefreak.ws animefreak dragon ball

Website https://animepahe.cc: Watch Steins;Gate: Egoistic Poriomania (Dub) animepahe Episode Full animes online

KissAnime: Here Comes the Black Witch!! anime episode 60 online free at https://kissanime.mx your name kissanime

Penzu: https://penzu.com/p/fb5bdb65

Cdprojekt: https://www.cdprojekt.com/pl/forums/users/gogoanimelol/