December 3, 2022 09:46
Македонија

Османи оствари средба со неговата чилеанска колешка Урејола

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, остварил средба со министерката за надворешни работи на Чиле, Антонија Урејола, на која биле разгледани билатералните односи.

Османи ги истакнал заложбите за  унапредување на соработката на полето на културата, економија, трговијата и инвестициите.

– Воедно, беа истакнати заемните заложби за динамизирање на бизнис релациите како област со потенцијал за развој на соработката во периодот што следи. Соговорниците ги разгледаа можностите за збогатување на договорната рамка и потребата од динамизирање на соработката во рамки на мултилатералните организации, информира Министерството за надворешни работи. 

Соговорниците размениле мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.