June 27, 2022 19:31
Македонија

Османи од Киев: Слободата на Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Во продолжение на својата посета на Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, Дмитро Кулеба. Ова е нивна втора средба во само неколку недели. 

Централна тема на разговорите беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност. 

„Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина, и Украина ја заслужува сета почит, помош и поддршка поради тоа” изјави Османи, појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Се разговараше и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика.

 За време на својата посета во Киев, Министерот Османи ја реотвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Украина со што истата е ставена во полна функција.

„Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава”, изјави Османи.

ảnh ăn tiền go88 go88 otp bot apk go88

kinh nghiệm chơi tài xỉu sunwin sunwin live chat sunwin phiên bản cũ