June 26, 2022 04:07
Македонија

Османи од Берлин паува во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од Берлин патува за Брисел, каде ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и министрите за надворешни работи од државите на Западен Балкан.
Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.
На маргини на Советот, Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет и Комисијата.