April 20, 2021 05:11
Македонија

Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор

Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, по објавувањето на информациите дека САД не дава согласност за номинација на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон.

-Процедурите на кандидатури на амбасадор односно амбасадори се до потврдување на агреманот и се во дискреција и се класифицирани податоци – изјави Османи на ТВ 21.