Балкан

Османи: Не може да има дијалог со Србија додека во Косово луѓето умираат поради недостиг на вакцини

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека дијалогот со Србија не може да биде приоритет во ситуација кога луѓето во нејзината држава „умираат во недостиг на вакцини” против Ковид-19.

На денешната средба со амбасадорот на Белгија во Приштина, Жан-Луј Серве, Османи рече дека главна преокупација на косовските власти во актуелната ситуција е обезбедувањето вакцини.

– Не можеме да говориме за дијалог со Србија додека луѓето ни умираат во недостиг на вакцини. Вакцините се приоритет и ќе го направиме и невозможното, во соработка со нашите партнери, истите да ги обезбедиме, порача Османи.

Амбасадорот Серве, според соопштението од претседателскиот кабинет, ѝ ги пренел на Османи честитките од белгискиот крал за неодамнешниот избор на чело на косовската држава и нагласил дека неговата земја „ќе продолжи да го поддржува Косово на неговиот европски пат, како и во јакнењето на меѓународниот субјективитет”. 

AnimeFreak fire force animefreak: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 6

4Anime haikyuu 4anime: Bleach (Dub) Episode 366