August 2, 2021 21:48
Македонија

Османи: Не можат тие да нѐ блокираат, колку што ние сме упорни во процесот

Важна констатација и одлука од денешниот состанок е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26  земји членки којшто е невиден досега во однос на кое било прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Османи, и по најновата блокада од Бугарија на Советот за општи работи во Луксембург на усвојувањето на преговарачката рамка и старт на преговорите на Унијата со С Македонија и со Албанија,  процесот се уште има кредибилност и преголема енергија.

-Ова не го кажувам за да ги охрабрам граѓаните, меѓутоа  јас бев охрабрен во сето тоа разочарување коешто го имавме денеска читајќи ги извештаите на интервенциите на 26-те земји членки навистина треба да не држи храбри и оптимисти  дека се уште има енергија и кредибилност овој процес и таа енергија е преголема за кој било да ја блокира, рече Османи.

Шефот на дипломатијата повтори дека нема алтернатива за нашето членство во Европската унија.

-Гледајте ја мапата на Европа и ќе видите  дека ние таму сме остров. Нема географска и економска логика на која било алтернатива. Тоа  е патот, крајната станица, тоа е шина што води кон еден правец. Прашање е на време кога. Јас мислам дека тие не може да не блокираат колку што ние сме упорни во процесот, рече Османи. 

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Out of Sight (https://gogoanime.be/m/Vzz3) Episode Full

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Wooser's Hand-to-Mouth Life Episode 12

https://kissanime.mx kissanime weathering with you. The Wizard of Oz (Dub) (https://kissanime.mx/m/g5p8) Episode Full

KissAnime Themehorse: https://www.themehorse.com/support-forum/users/kissanime-contact/