April 21, 2019 21:01
Македонија

Османи: Неопходна ни е поддршка од сите наши пријатели внатре во Унијата

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со претставниците од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристијан Хелбах и Томас Осовски кои се во работна посета на земјава, информира Секретаријатот за европски прашања.

-Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех, истакнал Османи изразувајќи огромнa благодарност  за континуираната поддршка од СР Германија за нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ како и за севкупните активности на Берлин во насока поддршка на политиката на проширување на ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Османи се осврнал на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, при што посочил на континуитет на реформскиот процес преку конкретен напредок во клучните реформски области – правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ќе претставуваат основа за годинашниот извештај на Европската Комисија.

– Во периодот кој ни претстои неопходна ни е поддршка од сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме  европскиот скептицизам преку конфирмација на одлуката за отпочнување на преговорите со Република Северна Македонија на јунските самити на Европската Унија, истакнал Османи.

Соговорниците се осврнале и на германската финансиската и билатералната развојна поддршка на Северна Македонија, при што изразиле заедничко уверување дека таа ќе продолжи и понатаму со засилен интензитет во сите сфери од заеднички интерес.

Нови вести

(Живо) ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Filip

Иванов: На новиот претседател му посакувам многу помирен мандат

Igor

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Filip